Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 179.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 41156, а бројот на активни случаи изнесува 3872.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.
