На 15.01.2021 во 19.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(18) од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по наредба од Oсновен суд Скопје 1. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
