18 лица ја изгубија битката со ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека од направени 3.858 тестирања, регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 449 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 18 починати лица:

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од  Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар.

Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.