18 пожари низ Македонија, 8 се активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 06.09.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 5 се под контрола и 5 се изгаснати.

Активни пожари – 8:
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани – пожарот е активен и на територијата на Република Косово (шума);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно (мешана шума);
Општина Петровец: ул. „1“ – Петровец (трска и ниска вегетација);
Општина Гази Баба: во близина на East Gate Mall (ниска вегетација);
Општина Македонски Брод: с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Ново Село: с. Стиниќ (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и грмушки);
Општина Липково: с. Слупчане (ниска вегетација и стрниште).

Пожари под контрола – 5:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума);
Општина Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец (нискостеблеста шума);
Општина Кичево: с. Тајмиште, место викано Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).

Изгаснати пожари – 5:
Општина Теарце: с. Слатино (дива депонија);
Општина Теарце: с. Непроштено (дива депонија);
Општина Кратово: Кратово (депонија);
Општина Берово: месност Периовец – с. Ратево (борова шума);
Општина Струга: с. Октиси (ниска вегетација и грмушки).