186 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19, од кои 186 се на територија на Скопје.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 42.009, додека бројот на активни случаи изнесува 2.818.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.