187 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19.

Од нив, 187 се на територија на Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 40.637, а бројот на активни случаи изнесува 3.956. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.