190 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 од кои на територија на Скопје се 190.

Вкупната бројка на случаи на коронавирус во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 39861, а бројот на активни случаи изнесува 4788.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.555, бројката на оздравени пациенти е 80.008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8.726. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: