198 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 198.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се регистрирани 38.809 случаи на коронавирус, додека пак активни се 7352.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683.