2 години насилство и малтретирање – жената го обвинува, мажот вели – бил провоциран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По 2 години малтретирање од сопругот, решила да избега со ќерката кај родителите во Кичево, но и таму не нашла мир. Како што раскажува за ТВ21, 22 годишната девојка, жртва на семејно насилство,  сопругот од Скопје одел таму, ја вознемирувал и се заканувал.  Поднела кривична пријава и барање за развод. Вели дека уште од втората недела од бракот, сопругот ја тепал без престан, некогаш и со каиш. Нејзиното единствено барање е властите да преземат мерки бидејќи сега иако го пријавила, нејзиниот сопруг од полицијата добива само предупредувања.

„По една недела од бракот со него, тој стана насилен, честопати беше насилен кон мене а неговите роднини знаеја. Ме спасуваа тие, имаше случаи кога ме тепаше со каиш, тие знаеја и ме спасуваа и завршија во полициска станица во Скопје. Значи во две години брак тој е постојано насилен кон мене. Потоа морав да избегам кај мајка ми“, вели жртвата.

ТВ21 го контактираше сопругот на жртвата. Негира дека бил насилен, но вели дека бил провоциран.

„Кога се вратив во станот, отидов во маркет, таа излегла со мајка и и ме провоцираа. Јас како да стојам и ништо да не правам, ме провоцираа јас не направив ништо“, вели обвинетиот.

Адвокатот на жртвата Аријан Имери вели дека во негово присуство обвинетиот се обидел да изврши насилство. Откако е поднесена кривична пријава за насилство и барање за развод, тој продолжи да се заканува постојано, преку телефон, но и во станот на нејзините родители.

„Од наша страна е пријавен случајот до надлежните органи како што е полицијата. Од полиција го повикаа неколку пати А.М. Нас не известија дека се преземени мерки против него, а тој и ден денеска е на слобода. Во саботата , на 7-ми, во 21 часот е пријавено дека е пукано кон станот на В. М. Сега останува надлежните органи да го расчистат случајот“, посочи Аријан Имери.

Во врска со ова од СВР Охрид велат:

„Според најавеното, тој долго време и се заканувал на В.М. телефонски и одел дома со закани. На 12 октомври полицијата од Кичево го земала во станица и е покрената кривична постапка за истиот. На 13 октомрви против ова лице повторно имало обвинение за злоупотреба на лични податоци“.

Поради ненавремено постапување на надлежните органи случајот е пријавен и во канцеларијата на народниот правобранител во Кичево.

„Според предлогот на Социјалниот центар тие предложиле заштита од семејно насилство бидејќи другата страна не се однесувала коректно. Меѓутоа процесот е во Основниот суд во Кичево  и ние не можеме да разбереме како се однесувал така. Се зборува дека другата страна не ги добила потребните материјали меѓутоа бидејќи било итно судот морал врз основа одлуката на социјалниот центар да преземе мерки“, изјави Илбер Руфати.

Судските рочишта за овој случај во Судот во Кичево се одложени два пати и следното рочиште е закажано за 16 ноември 2020.