2 месеци по ред бараат повисоки плати – судската администрација повторно на протестен марш

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу два месеци протестираат за повисоки и европски плати и надоместоци, но ова барање не се исполнува. Судската администрација и денеска протестираше пред Судскиот совет во знак на револт за ниските плати, а во овој случај претставници на Синдикатот се сретнаа и со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Георгиев по средбата го повика Министерството за финансии сериозно да се позанимава со проблемот бидејќи ќе има големи последици доколку дојде до бојкот на судската администрација.

Со слоганот „Европска плата за вас и за нас“ протестите ќе продолжат и во наредните денови. Првиот човек на независниот синдикат на судската администрација, Јасмина Величкова рече дека не се откажуваат од своите барања.

Судските административци се пожалија и за недостиг на вработени и голем обем на работа. А со ова се согласи и претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев кој објасни дека голем број на вработените заминуваат од земјава. Додаде дека и за оваа реагирал и очекува проблемот да се реши.

Независниот синдикат на државната администрација и независниот синдикат на судските служби, последен пат протестираа на 13 јули, со истите барања.