20.452 македонски туристи ја посетиле Србија во 2020 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел...

Силен земјотрес утрово го погоди грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени, утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со епицентар во морето,...

Семејството Бајден постави нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе...

Љубов под карантин – Англичанец со помош на робот ја запроси девојката

И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа – со помош на...

„Дизни плус“ ќe ги репризира првите пет сезони од „Мапет шоу“

Стрим-платформата „Дизни плус“ од февруари ќе ги репризира првите, оригинални пет сезони од „Мапет шоуто“ oд 1970-тите. Како што се...

Поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година Србија забележа голем пад на бројот на посети од странски туристи, што достигна ниво од само 24,9 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Според официјалната статистика, меѓу вкупно регистрираните 424.479 странски туристи во периодот од јануари до ноември минатата година, повеќето се државјани на Босна и Херцеговина – 49.253. Според бројноста, следуваат туристи од Бугарија (26.241), Хрватска (26.216) и Црна Гора (24.693), а над  дваесет илјади посети имале само државјаните на Германија (23.812), Турција (23.683) и Северна Македонија (20.452).

Вкупниот број на ноќевања на странските туристи во периодот од 1 јануари до 30 ноември 2020 година, изнесува 32,1 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Кога станува збор за омилените дестинации на странските туристи во Србија, на прво место е Белград, кој минатата година го посетил секој втор турист од странство (217.961). Следува Нови Сад со 32.275 и Златибор со 20.722 посети, потоа Ниш (20.421) и Копаоник (17.665).