„20% е навреда за Албанците“ Дали бројките ја диктираат политиката во Македонија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По објавувањето на резултатите од Пописот на население, дали се очекува да се избрише дефиницијата за Албанците како 20% од Уставот на Северна Македонија? Според аналитичарот Алберт Муслиу, овој термин е навредлив.

-20% е навреда, која се провлекува веќе 21 година бидејќи немаше храброст, немаше храброст во 2001-ва, немаше храброст кај нашите партнери за да се оспори недостигот на храброст.
Но може ли да одиме на избори?, вели Муслиу.


Суверената одлука на гласачите Албанци, албанските политички субјекти, може ли да биде оспорена? Сега не може немање ставови, партиски политички одлуки да им го префрлиме на граѓаните. Политичките субјекти имаат своја одговорност и капацитет да ја завршат работата.


Но, Ваљон Бела од Движењето Беса, објаснува зошто е проблем бројката (20%) да се избрише од Уставот.


-Движењето Беса со СДСМ имаше договор за етичка графа во личните карти. Дали се направи тоа? Немаше потреба со 2/3 со просто мнозинство, 61 пратеник, дали се направи? Македонците „полудеа“. Зошто? Токму затоа што процентот на Албанците ја диктира политиката, вели Бела.


Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи вели дека Албанците треба да склучат договор – да не коалицираат со онаа македонска партија која нема да прифати да се отстрани терминот 20%.

-Она што го кажуваме значи дека вие никогаш нема да дојдете на власт, бидејќи ние имаме консензус како Албанци. Тој консензус повеќе има врска со нас, отколку со вас, злоупотреба на етничкиот клуч. Ако вие не сте подготвени да го прифатите тоа, подгответе се да останете околу 100 години во опозиција. Второ: ние покажуваме крајна конструктивност во однос на негирањата кои им доаѓаат на Македонците од нивните соседи, рече Тачи.


-На грбот на Албанците, претседателе, зошто ние заостануваме во многу работи.


Инаку, во Уставот на Северна Македонија пишува дека втор службен јазик е оној кој го говорат најмалку 20% од граѓаните, без да се дефинира како албански јазик.