20 години живот без струја, семејството Најдовски од Битола бара помош

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

20 години Николина Најдовска заедно со своите деца животот го поминува на свеќа.

„Ова не можам ниту да го поднесам веќе, ако ми верувате. Ова не е живот. Што значи ова и за нас и за децата…“, вели Најдовска.

Просториите во кои живеат секојдневно прокиснуваат. Се плашат од соседите, за кои како што вели сакаат да им ја земат куќата.

„Животите ни се многу во опасност. Сакаат да ни свршат работа. Сакаат скроз да не нема. И во дворот влегуваат, се туркаат, малтерот, ѕидови, блокови, сакаат цела куќа да ја турнат. Така да не остават на улица. И нас да ни свршат работа.“, изјави Најдовска.

Неколкку пати вели дека е пријавено во полиција, но досега никој не презел ништо. Се надева на ново-избраниот градоначалник на општината, а побарала и пример кај него.

„12 години пријавував, поднесував барања се. Никој не ме викна до сега. Никој ништо нема преземено до сега.“, вели таа.

Не должат кон ниту една институција, но струја немаата бидејќи куќата прокиснува од сите страни.

„Сакаме нормален живот. Порано живеевме нормален живот. Сега ова не е добар живот, за нас. Ниту за децата. Кој сака да ми помогне, барам помош. Да ми помогнат, во многу тешка ситуација сме. Во многу…“.

Сопругот е и починат пред 5 години, а се плаши како ќе ја поминат зимата која веќе е тука.

ТЕЛЕФОН ЗА ПОМОШ: 075 546 783