Последниов период во детската клиника “Козле“ е големен бројот на деца кои доаѓаат на преглед поради покачена температура и сезонски вирус. Директорот на болницата Бесник Зеќири вели дека најзагрозени се децата до 2 годишна возраст.
-Последниов месец, декември, сите деца кои доаѓаат за лекарска помош, за жал се најмалите, на возраст до 2 години и тие деца се хоспитализираат бидејќи се дехидрирани. Сите се со покачена температура и ги рехидрираме со инфузија. Децата кои се поголеми од 5 години нагоре, ретко ги хоспитализираме, туку се на домашно лекување“, рече Зеќири.
Зеќири вели дека последниов период е зголемен и бројот на лекари во Козле, затоа вели дека не е проблем да примаат деца и од други градови.
-Сите деца кои доаѓаат и од Скопје но и од други места можеме да ги примиме, но напливот е многу голем, околу 200 деца на ден, станува збор за деца, сите треба да се прегледаат, да се направат анализи а некогаш се случува децата да треба да почекаат повеќе од половина час во нашата амбуланта. Во моментов 3 деца се на кислородна поддршка-рече Зеќири.
Поради големиот број деца, директорот на детската клиника Козле, вели дека доколку нема место во болницата, тие се во контакт со Детската клиника, за да испратат пациенти и таму доколку има потреба.
Инаку последнава недела се пријавиле околу 347 лица со сезонски грип што е за 95% повеќе од минатата недела, соопштуваат од ИЈЗ.
