Бектеши за ТВ21: Две опции, или исплата на плати или бескаматни кредити со петтиот пакет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бектеши во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатира со Азири од Алијанса за Албанците и Менди Ќира од СКСЗМ за петтиот пакет економски мерки на Владата.

Азири од Алијанса за Албанците вели дека Владата помогнала со околу 1,2 милијарди евра, но поголемиот дел од тие средства вели дека се земени како кредит и на крај граѓаните ќе треба повторно да ги вратат, а ефектот од мерките не е значителен.

На ова реагираше Министерот за економија, Крешник Бектеши кој вели дека Владата со сите мерки досега придонела да се задржи ликвидноста на компаниите и дека со субвенциите за плати се задржани работните места.

Бектеши вели дека во петтиот пакет има две опции или исплата на плати или бескаматни кредити со 12 месеци грејс период и 3 години рок на исплата преку МБПР.

Со петиот пакет ќе има помош за сите. Ќе се помогне на компаниите за да ги зачуваат работните места, ќе се помогне на медиумите, на тутунарите, угостителството, итн.