21-годишна Британка е најмладата жена која самостојно го превеслала Атлантикот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

21-годишната Британка Јасмин Харисон стана најмладата жена што сама веслала преку Атлантскиот Океан, минувајќи ја патеката од Шпанија до Антигва долга 4828 километри за 70 дена, три часа и 48 минути.

Кога го завршила напорното патување, на прашањето за тоа за што најмногу се радува, таа одговорила дека тоа дефинитивно е храната, пренесува Гардијан.

Нејзиниот чамец се превртел двапати за време на патувањето.

Пред Јасмин, најмладиот веслач кој го преминал Атлантикот била 22-годишната Американка Кејт Спотс, која веслала во океанот од 3 јануари до 14 март 2010 година.