213 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19, од кои 213 се на територија на Скопје.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје има 35.961 случаи на коронавирус, додека пак активни се 11.333.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83329, бројката на оздравени пациенти е 61447, на починати е 2503, а бројот на активни случаи изнесува 19379.