Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 872 нови случаи на ковид-19.
Пријавени се вкупно 22 починати лица:
- Девет лица од Скопје (66г, 69г, 78г, 87г, 75г, 80г, 75г, 70г, 73г)
- Четири лица од Прилеп(67г, 86г, 89г, 45г)
- Две лица од Гевгелија(73г,73г)
- Едно лице од Тетово (72г)
- Едно лице од Велес (73г)
- Едно лице од Охрид (79г)
- Едно лице од Кочани (72г)
- Едно лице од Кичево (70г)
- Едно лице од Делчево (75г)
- Едно лице од Струмица (70г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.
