Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19.
22 лица ја изгубија оваа борба:
- Десет лица од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г)
- Едно лице од Куманово (77г)
- Едно лице од Дебар (68г)
- Едно лице од Штип (81г)
- Едно лице од Битола (69г)
- Две лица од Охрид (47 и 76г)
- Едно лице од Кавадарци (48г)
- Две лица од Гостивар (79 и 64г)
- Две лица од Крива Паланка (81 и 79г)
- Едно лице од Кичево (63г).
Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Од министерството посочуваат дека денеска се евидентираат 10 починати со дата на смрт од претходните денови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372.
