24 мај одбележан во Рим – молебен на гробот на Свети Кирил, цвеќе на плочата на македонски јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Молебен на гробот на свети Кирил во базиликата свети Климент во Рим.

Вака започна чествувањето на 24 мај, денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, државната делегација од Северна Македонија ја предводеше претседателката Гордана Силјановска Давкова.

По церемонијата, во дворот на базиликата, претседателката беше пречекана од македонските верници кои беа дојдени овде преку црковното здружение.

Митрополитот Европски, Пимен рече дека треба да продолжи чествувањето на светите браќа бидејќи преку азбуката и јазикот, народите можат да се слушнат и разберат меѓусебно.

По ова, беше положено цвеќе на плочата на македонски јазик во базиликата Санта Марија Маџоре.

За ТВ21, Бесир Арифи, Рим.