Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19, од кои само 246 се на територија на Скопје.
Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се регистрирани 35.536 случаи на коронавирус, додека пак активни се 11.320.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.
