Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека регистирани се нови 25 случаи на коронавирус во Македонија.
„Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата и тоа во Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 354 лице“, истакна Филипче.
Филипче додаде дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починала пациентка на возраст од 65 години заболена од коронавирус.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 183, Куманово – 54 Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1.
Вкупната бројка на заразени лица изнесува 354.
