25 пациенти ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19.

Починати се 25 лица:

  • десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73)
  • еден од Куманово (81г)
  • двајца од Штип (63 и 51г)
  • тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г)
  • еден од Тетово (73г)
  • двајца од Струга (81 и 89г)
  • еден од Велес (78г)
  • еден од Охрид (83г)
  • еден од Кавадарци (69г)
  • еден од Гостивар (66г)
  • еден од Струмица (70г)
  • еден пациент од Радовиш (68г)

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910.