250 милиони евра за антикризни мерки во 2023 година, помалку пари за дневници, службени патувања, мебел и возила

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Одговор на енергетската криза, поддршка на најранливите категории на граѓани, стабилен економски раст поддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции се дел од приоритетите на предлог буџетот за следната година. Сите антикризни мерки за заштита на стандардот, мерките за одржување на цените на основните производи, обезбедувањето на пониска цена на електрична енергија во однос на пазарната ќе продолжат и следната година.

„Од вкупниот буџет за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра. Обезбедени се средства и за сите надоместоци за разнливите категории граѓани, за невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, на социјалните надоместоци и надоместоци на невработени како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Превидено е да продолжи усогласувањето на минималната плата со просечната и со трошоците на живот соодветно на системско утврденото р ешение.

реклама

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ ЗА 2023 ГОДИНА

За капитални инвестиции -800 милиони евра

реклама

За здравство -685 милиони евра

За јавна администрација -570 милиони евра

реклама

За општините – 434 милиони евра во кои се планирани средства и за исплата за покачените плати на 40 000 просветни работници.

За пензии- 120 милиони евра

Ќе се намалат помеѓу народот познати вели Бесими непродуктивните трошоците за дневници, службени патувања, мебел, возила. Новиот буџет ќе се носи според новиот закон за буџети кој има неколку квалитетни измени зад кои владата стои цврсто- вели министерот за финансии Бесими.

„За секоја политика треба да има оправданост во однос на предвидувања на средства за реализација на истите политики. Тоа значи дека ќе има индикатори и тоа историски на назад, но и во наредниот период. Индикатори од аспект на инпутите, трошоците што ги реализираат, број на вработени, износ на оперативни трошоци и други трошоци од аспект на оперативното работење. Од аспект на политиките ќе има индикатори за резултати или познати како перформанс индикатори“, изјави Бесими.

2023-та Ковачевски најавува дека ќе биде година на инфраструктурни проекти кои ќе не поврзат и внатре во земјата, регионот и Европа. Со тоа очекува поголем економски раст и развој на бизнисот. Ќе продолжи изградба на железничкиот коридор 8, клучни автопатски делници, гасификација на државата, рехабилитација на локалните улици, социјални станови. Ќе се модернизира земјоделството и ќе се инветсира во енергетскиот сектор.

реклама
реклама
реклама