Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на ковид-19.
Оваа борба ја загубија 26 лица.
- Шест лица од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74 години)
- Едно лице од Куманово (86 години)
- Едно лице од Штип (76 години)
- Пет лица од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74 години)
- Две лица од Тетово (76 и 77 години)
- Едно лице од Струга (86 години)
- Шест лица од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82 години)
- Едно лице од Охрид (72 години)
- Две лица од Кавадарци (77 и 77 години)
- Едно лице од Свети Николе (62 години)
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43.835.
Бројката на оздравени пациенти е 25.782.
Бројката на починати изнесува 1.238.
Бројот на активни случаи изнесува 16.815.
