27 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека пријавени се вкупно 27 починати лица:

  • 8 лица од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г)
  • 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г )
  • 2 лица од Куманово (65г и 75г)
  • 2 лица од Струмица (65г и 82г)
  • 2 лица од Крива Паланка (65г и 75г)
  • Едно лице од Тетово (80г)
  • Едно лице од Велес (74г)
  • Едно лице од Кавадарци (64г)
  • Едно лице од Струга (72г)
  • Едно лице од Кочани (80г)
  • Едно лице од Свети Николе (70г)
  • Едно лице од Дебар (73г)
  • Едно лице од Демир Хисар (91г).

26 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.