Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19, од кои 270 случаи се на територија на Скопје.
Во Скопје од почетокот на пандемијата досега имало 37.326 случаи на коронавирус, од кои активни се 10.017.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372.
