28 пожари низ Македонија, 6 се активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 06.10.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 2 пожари се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.

Активни: 6

Општина Чашка: с. Јаболчиште, м.в. „Биков Гроб“ (букова, дабова шума, кривуљ и ниска вегетација);

Општина Липково: с. Стрима, место викано „Гури Куќ“ (борова шума и ниска вегетација);

Општина Прилеп: с. Дрен (мешана шума);

Општина Ресен: Автокамп Крани (ниска вегетација);

Општина Тетово: с. Селце (мешана шума);

Општина Дебар: с. Горно Косоврасти, м.в. „Крушно и Вложно“ (шума).

Под контрола: 2

Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. „Калдиред“ (ниска вегетација);

Општина Куманово: депонија Краста (депонија).

Изгаснати: 20

Општина Гази Баба: ул. „Перо Наков“ (ѓубре);

Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и грмушки);

Општина Студеничани: с. Моране (нискостеблеста шума);

Општина Бутел: Радишански пат (ниска вегетација);

Општина Дебар: м.в. „Над Боровите“ – крак према с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште (смреки, папрат и трнливи грмушки);

Општина Дебар: Дебарско Езеро (ѓубре и грмушки);

Општина Дебарца: помеѓу селата Белчишта и Лешани (ниска вегетација);

Општина Новаци: с. Добровени (ниска вегетација и стрниште);

Општина Битола: с. Лопатица (стрниште);

Општина Битола: с. Кукуречани (ѓубре);

Општина Тетово: над Боговинско Езеро на Шар Планина (пасишта);

Општина Јегуновце: с. Беловиште (ниска вегетација);

Општина Теарце: с. Першовце и с. Јелошник (ниска вегетација);

Општина Желино: с. Требош (жито);

Општина Желино: с. Мерово (ѓубре);

Општина Неготино: с. Криволак (ниска вегетација);

Општина Струмица: с. Банско и с. Муртино (ниска вегетација и ѓубре);

Општина Струмица: с. Просениково (ниска вегетација и ѓубре);

Општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација, трска и ѓубре);

Општина Босилово: с. Сарај (ниска вегетација и врби).