285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени продолжува да расте. Досега во овие три општини починале 28 пациенти. Од Кризниот штаб апелираат институциите и граѓаните да ги почитуваат мерките, а заразените и нивните семејства да не излегуваат на јавни места, за да не заразат и други луѓе. 

„Состојбата во општина Гостивар сѐ уште е сериозна со 261 активен случај. Дојдовме до заклучок дека сите институции, вклучувајќи ја и општина Гостивар, треба да апелираат до граѓаните да биде посовесни и да ги почитуваат мерките и препораките, како што се носење маска, држење дистанца и одржување лична и колективна хигиена“, испадна Ваљбон Лимани.

СВР-Гостивар само вчера за неносење маски изрече 33 казни, а против 26 граѓани е поднесено решение за изолација. Во овие три општини во изолација се вкупно 344 луѓе, од кои согласно извршената контрола не е регистрирано непочитување на решението.
Од мај па до сега, во општина Гостивар казнети се 2.893 граѓани за неносење маски, но и покрај тоа, Гостивар и понатаму е една од општините со висок број заразени со Ковид-19. Гостивар и околните општини од почетокот на пандемијата бележи 272 излекувани пациенти.