Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19 од кои 285 се на територија на Скопје.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 43.695, а бројот на активни случаи изнесува 3.018.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.
