29 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 29 починати лица:

  • 10 лица од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г, 63г, 68г, 69г, 72г, 74г,и 76г)
  • Три лица од Битола (62г, 64г, 71г)
  • Две лица од Прилеп (75г и 92г)
  • Две лица од Гостивар (70г и 74г)
  • Две лица од Кавадарци (50г и 62г)
  • Две лица од Штип (72г и 83г)
  • Едно лице од Струмица (78)
  • Едно лице од Куманово (84г)
  • Едно лице од Кочани (76г)
  • Едно лице од Кичево (74г)
  • Едно лице од Неготино (84г)
  • Едно лице од Ресен (65г)
  • Едно лице од Радовиш(58г)
  • Едно лице од Демир Хисар(80г).

Сите пациенти се починати во болнички услови.