32 години независност – „Да ви честитам слободна и самостојна Македонија“, рече тогаш Глигоров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија го одбележува еден од најголемите празници на државата 8 септември, денот кога пред 32 години по успешно спроведениот референдум се прогласи за независна и самостојна Република Македонија. Одлуката за независност тогаш им ја честиташе првиот македонски  претседател Киро Глигоров.

Владата вчера организираше свечена академија во чест на денот. Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање рече дека пред 32 години беше исполнет аманетот за независна Македонија, а сега не чека нов чекор напред.

Сепак Ковачевски не пропушти и да го спомене фактот дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги поддржи уставните измени што е услов за продолжување на европскиот пат.

Годинава Денот на независноста се прославува под мотото „Гласник на слободата“, а се одбележува со повеќе настани. Изутрината државна делегација предводени од претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.