Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19
Пријавени се вкупно 32 починати лица:
- 13 лица од Скопје (84г, 83г, 77г, 75г, 73г, 68г, 66г, 64г, 63г, 63г, 51г, 42г и 41г)
- 2 лица од Прилеп (79г и 68г)
- 2 лица од Куманово (70г и 61г)
- 2 лица од Гостивар (72г и 69г)
- 2 лица од Кавадарци (88г и 49г)
- 2 лица од Штип (84г и 79г)
- 2 лица од Струмица (86г и 80г)
- 2 лица од Неготино (81г и 67г)
- Едно лице од Велес (70г)
- Едно лице од Охрид (79г)
- Едно лице од Струга (72г)
- Едно лице од Гевгелија (58г)
- Едно лице од Делчево (33г).
Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.
