327 возачи возеле пребрзо – 107 биле под дејство на алкохол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, сообраќаен прекршок кој е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како и санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол.

„Вчера (31.07) санкционирани се 327 возачи кои возеле пребрзо, а 107 возеле под дејство на алкохол, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид.

Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.