334 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во земјава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 12, Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.