Пандемиајта не ја губи својата сила, бројот на заразени и натаму е троцифрен. Во изминатите 24 часа, најмладата жртва е 35 годишен кавадарчанец, кој според наши извори имал коморбилитети.
Инаку во изминатото деноноќие, починаа шест лица.
„Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.
Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).Сите пациенти се починати во болнички услови.“, се вели во извештајот од министерството за здравство.
