36-години имала жената која синоќа починала од ковид-19 во велешката болница.
Станува збор за жена од велешкото село Иванковци, која во модуларната болница била донесена на 23 октомври, а на 28 октомври е регистрирано дека е позитивна на коронавирусот.
„Пациентката која беше хоспитализирана седум дена, имаше коморбидитети, церебрална парализа, неподвижна со параплегија и епилепсија. Пациентката не е вакцинирана“, соопштија од Велешката болница, а пренесува СДК.мк.
