4 часа средба со Данела Арсовска – приватните превозници излегоа без конкретен одговор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приватните превозници беа на 4 часовна средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за решавање на проблемот со автобусите во Скопје, но излегоа без конкретен одговор, велејќи дека ќе бидат опфатени во проектот за модернизација на јавниот превоз.

Што се однесува до долгот, претставникот на приватните превозници рече дека тоа е долг за кој што треба да одговори ЈСП.

Освен тоа приватните превозници соопштуваат дека нема да има блокади на скопските улици и дека очекуваат во текот на неделата повторна средба за решавање на проблемот. Прашавме во Град Скопје во врска со денешната средба, но до ова издание на вестите не добивме одговор.