4 милиони евра загуба за 6 месеци – рент-а-кар бизнисот бара помош од државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рент-а-кар бизнисот во Македонија работи со загуба веќе 6 месеци поради пандемијата. Од Здружението за рент-а-кар велат дека за 85% е намален интересот за рент-а-кар а 40% од автомобилите не се регистрирани бидејќи нема интерес. Рамадан Идризи, претседател на ова здружение вели дека годишно од овој бизнис на државата и носат 20 милиони долари кои оваа година ги немаат.

„Иако аеродромот е отворен, нашиот бизнис функционира со 10 до 15%, ние како бизнис заедница со рент-а-кар купуваме околу 1 илјада нови автомобили, што не се случува секоја година. И работата е нула бидејќи нашиот бизнис на државата и носи над 20 милиони долари годишно, пари кои оваа година ги немаме. До сега секоја компанија 40% од автомобилите не ги има регистрирано и правиме планови да отпуштиме неколку работници од работа бидејќи нема работа“, истакна Рамадан Идризи.

Од ова здружение бараат државата да им помогне за платите на вработените, да се укине каматата од кредитите што ги имаат и да им дадат бескаматни кредити.

„Владата може да ни даде бескаматен кредит, да ни даде средства за плата на вработените, да ни овозможи банките да ги укинат каматите, да не се пресметува камата за ануитети кои треба постојано да ги плаќаме, а за кредитите што ги одложуваат банките, нам ни наплаќаат камата“, додава Рамадан Идризи.

До сега само аеродромот во Скопје добил помош со укинување за 85% од киријата за трите месеци карантин и 50% за плаќање на киријата за сегашниот период. Бизнисот со рент-а-кар се смета дека до сега претрпел загуба од 4 милиони евра. Недоаѓањето на печалбарите и нефункционирањето на аеродромот неколку месеци, се причина што овој бизнис претрпел големи загуби, како и многу други бизниси.