408 санкции поради неносење на заштитна маска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.