41-годишник обвинет за измама: Лажно се претставувал како судски службеник и земал 7.750 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.

Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.