43 години „Тигри“, ама без Албанци – Џафери кажа дека не е надлежен, Бојмацалиев ги спомна условите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ ја одбележува 43-годишнината од формирањето. За таа цел, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев положија цвеќе пред споменикот на загинатите борци.

Но, во текот на 43 години откако постои оваа единица, ниту еден Албанец не бил вработен. Никогаш не беше дадено јасно образложение зошто?

Го прашавме техничкиот премиер Талат Џафери кога ќе се вработат Албанци во оваа единица, но тој не сакаше да одговори и не упати во МВР.

„Ќе ве упатам до Министерството поради тоа што тоа е надлежност на ресорното министерство. Не е надлежност на Владата за да кажам кога ќе се вработат или не. Тоа е прашање на министерството, кога ќе имате можност поставете го тоа прашање“, вели Талат Џафери.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, вели дека при вработување во оваа единица, при селекција не се зема предвид етничката припадност.

Според него, за вработување во единицата Тигри, се објавува интерен конкурс и има специјална селекција.

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски пред една година изјави дека на последниот интерен конкурс за вработување во оваа единица имало само еден кандидат Албанец, но тој не поминал бидејќи не знаел да плива.