482 деца и 77 возрасни во изолација – Шахпаска: Состојбата со градинките е под контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојбата во градинките е добра и е под контрола, и засега не размислуваме за нивно затворање, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Според неа од моментот на отворањето на градинките на 9 септември досега од корона се позитивни вкупно 26 деца и 83 вработени во градинките.

„Следејќи ја динамиката на новопојавени позитивни случаи, евидентно е зголемувањето на бројот на позитивни, како на дечиња, така и на вработени во градинките. Како што се одвива епидемиолошката состојба со Ковид 10 во државата и од тука бројката на поседниот пресек од минатата недела од 17 до 25 октомври е нови позитивни 9 деца и 40 вработени. Во моментов 482 дечиња и околу 77 возрасни вработени се во изолација“, посочи Јагода Шахпаска.

Министерката потврди дека нивната здравствена состојба е добра, а изминатиов период има само една хоспитализација на дете и еден воспитувач.

„Министерството за труд и социјална политика ги сумира дневните извештаи во неделн извештај и како таков, секој петок го испраќа до Комисијата за заразни болести, со цел тие да имаат увид во ситуацијата во градинките, како и по однос на предлагањето на нови мерки“, додава Шахпаска.

Шахпаска вели дека капацитетите на градинките не се исполнети бидејќи согласно протоколите, има 20.718 места, а само 10.700 деца посетуваат градинка, додавајќи дека родителите ги запишуваат своите деца, но не ги носат во градинка.