5 години од „крвавиот 27 април“, зошто АА сега соработува со ВМРО-ДПМНЕ?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

5 години од крвавиот 27 април во Собрание.
За да потсети на денот кога толпата демонстранти влезе во Собрание и ги нападна пратениците, опозициската АА спроти Собранието постави неколку фотографии кои говорат за насилството таа ноќ, но и од функционери кои во тоа време беа одговорни за редот и безбедноста. Меѓу нив, од ДУИ, СДСМ но и од ВМРО-ДПМНЕ.

На тогашните протести покрај различни ликови од ВМРО-ДПМНЕ, во толпата беше виден и Христијан Мицкоски, сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето за сегашната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА, портпаролот на оваа партија рече дека “кога не можете да урнете нешто што сакате да урнете, треба да се помирите дека треба да соработувате со тоа“.

И додека од една страна АА потсетува на насилството во Собрание, од друга страна еден од водачите на движењето “За обединета Македонија“, Игор Дурловски, протестираше со перформанс зад импровизирани решетки со натпис “Молчењето е злато“. Не сакаше да зборува за медиумите.
За крвавиот настан зборуваше и партијата на власт СДСМ. Јован Митревски рече дека крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ единствено што кажаа за 27 април е преку соопштение преку емаил од говорот на претседателот на Унија на ветерани, Мане Јаковлевски кој рече, како што се вели, “за прв пат во историјата на една суверена држава, терористите кои немаа никакво оружје беа осудени за тероризам, бранителите на Собранието и нивните семејства бараат повторно судење за случајот 27 Април“. ДУИ, Алтернатива и Беса до овој момент немаат напишано ништо за 5 годишнината од настаните на 27 април.