Изминаа 5 години од ветувањето за базен во општина Чаир. Ваквото ветување го даде актуелниот градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу на локалните избори во 2017 година, но изградбата сеуште не е започната.
„Поминаа 5 години од ветувањето на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, кој рече дека објектот кој се наоѓа позади нас ќе се реконструира за базен, но сепак ова останува сеуште да биде само ветување“, вели репортерката на ТВ21.
За да разбереме што точно се случува со планот, ТВ21 се обрати во општина Чаир, портпаролот Фари Хисени ни рече дека една група експерти направиле анализа за тоа како може да се развие проектот, но врз основа на оваа анализа излегува дека општината не е во поволна позиција за реализирање на овој проект.
„Една група финансиски и економски експерти направија физибилити студија за истиот случај, значи за истата идеја и проект и увидоа дека постои правно сопственички проблем и во овој случај ја става општината во комплицирана ситуација за што побрза реализација на овој проект. Но, паралелно како процес раководен од општината, од која е издадена и дозвола за изградба на базен за деца во рамките на училиштето „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, за што се обезбедени и средства од страна на инвеститорот, во овој случај Агенцијата за млади и спорт“, порала Фари Хисени.
Хисени вели дека изградбата на базенот може да започне во моментот кога ќе се изнајде заеднички јазик помеѓу општината и сопственикот на објектот предвиден за базен.
Фазиле Халили
