Навикнати сме да фрламе семе од лубеница, веројатно затоа што од мали нозе сме научени дека не е добро да ги јадеме. Но, истражувањата покажуваат дека малите црни семиња се вистински извор на здравје.
1. Ја намалува надуеноста
Семето од лубеница содржи влакна кои позитивно влијаат на работата на дигестивниот тракт и на тој начин ја олеснуваат подуеноста.
2. Содржат калиум
Овој минерал ја регулира количината на вода во нашето тело, со што се намалува отокот на зглобовите и стапалата.
3. Обезбедуваат заштита од УВ зрачење и ја подмладуваат кожата
Семето содржи витамин Е, кој влијае на здравјето на кожата и спречува дамки и пеги. Исто така, тие се полни со антиоксиданси, со што се забавува процесот на стареење на кожата.
4. Го зајакнуваат нашиот имунитет
Благодарение на многу други минерали што се наоѓаат во семето, како што е железото, ќе бидеме поздрави ако ги јадеме. Тие исто така содржат триптофан, кој е вклучен во производството на серотонин, и овој елемент нормално се користи во третманот на стрес и клиничка депресија.
5. Содржат магнезиум и цинк
Тие се важни во функционирањето на целиот организам, пишува ПунКуфер.
