523 нови случаи на коронавирус во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19, од кои 523 се на територија на Скопје.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на пандемијата изнесува 61.556, а бројот на активни случаи изнесува 10.838.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.