53 илјади евра за новогодишно украсување на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фирмата „Линк медиа плус“ ДООЕЛ е избрана да го изведе новогодишното украсување на Скопје, во вредност околу 53 илјади евра.

На плоштадот „Македонија“ ќе бидат поставени новогодишна елка висока најмалку 13 метри, 3Д-фигура мече од 4 метри, светлосни ѕвезди, 3Д рамка за фотографирање и „ѕвездено небо“ од 800 квадратни метри.

Украсувањето ќе ги опфати и главните улици и булевари – Даме Груев, 11 Октомври, ВМРО, Партизански одреди и Филип Втори – каде ќе бидат поставени висечки светлосни елементи и лед-фигури.

Градските власти сè уште не откриваат кога ќе почне поставувањето на декорациите, ниту програмата за новогодишната ноќ.

ФОТО: Архива