Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, регистрирани се 1039 нови случаи на коронавирус, додека пак на територија на Скопје бројката на нови случаи изнесува 546.
Од почетокот на епидемијата досега во Скопје има 24.660, додека пак активни се 9.985.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).
- Гази Баба – 1485
- Аеродром -1437
- Кисела Вода – 1229
- Центар – 1190
- Карпош – 1177
- Ѓорче Петров – 844
- Чаир – 620
- Бутел – 573
- Илинден – 242
- Шуто Оризари – 201
- Сарај – 158
- Петровец –126
- Чучер Сандево – 98
- Зелениково -73
- Сопиште – 66
- Студеничани – 51
- Арачиново -32
Нераспределени се 208, додека пак странци 175.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56.164, бројката на оздравени пациенти е 33.892, на починати е 1.561, а бројот на активни случаи изнесува 20.711.
