На местото на разбивањето на рускиот авион на Синајскиот полуостров во Египет се пронајдени телата на 100 лица. Ова го соопшти РИА Новости, повикувајќи се на спасувачи, кои работат на местото на инцидентот.

“Авионот се поделил на две. Извадивме најмалку 100 тела, останатите се наоѓаат внатре“, рече портпаролот на египетската спасувачка служба.

Претходно беше објавено дека спасувачите слушнале гласови во еден простор на урнатиот руски авион. Тоа го пренесоа агенциите, повикувајќи се на претставник на властите на местото на несреќата.

Спасувачките екипи се обидуваат да влезат таму и се надеваат дека ќе најдат преживеани.

Сите 224 патници на урнатиот во Египет авион биле државјани на Русија. Во авионот имало 217 патници, меѓу кои 17 деца, како и 7-член екипаж. Во листата на патниците фигурираат заменик-шефот на Псковска област Александар Купилов и неговата сопруга.